Стресот стана неизбежен дел од нашето секојдневие, а понекогаш не сме ни свесни дека сме под стрес. Се манифестира на неколку начини, а некои од нив се физички. Овие 4 знаци покажуваат дека сте под емоционален стрес.
• Недостаток на енергија. Стресот влијае, не само на умот, туку и на телото, преку лачење на хормонот кортизол во крвта. Тоа води кон брзо дишење и пулс, поради што се чувствуваме изморено и мрзливо. Освен тоа, може да предизвика несоница, бидејќи ја попречува способноста на организмот правилно да го регулира спиењето.
• Крцкање со заби. Може да се случува свесно или несвесно, додека спиете. На овој начин организмот се справува со стресот, користејќи ги виличните мускули. Кога се повторува често, може да доведе до оштетување на забите.
• Ослабен имунитет. Лесно можете да се разболите кога стр под стрес.
• Храна. Кога сме под стрес јадеме за да го олесниме чувството на напнатост и фрустрација, а најчесто тоа е чоколадо или нешто друго што е благо. Зголеменото количество на кортизол може да го зголеми апетитот.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!