Top
utrinsko_iLIke.mk

Знаци кои покажуваат дека пиете премногу кафе

Прекумерната консумација на кафе има негативни последици од прекумерното уживање во магичниот напиток. Oд една страна умерената количина кафе може да го подобри вашето паметење и невролошко здравје, а од друга страна пак прекумерната конзумација може да ги наруши телесните, физиолошки функции.

Прескокнување на работата на срцето
Кофеинот е стимуланс кој делува на централниот нервен систем и ги забрзува срцевите отчукувања. Луѓето кои консумираат премногу кофеин почнуваат да чувствуваат прескокнувања на срцето.

Нервоза и тресење
Тресење, немир, нервоза се симптоми кои покажуваат на прекумерна конзумација на кафето. Кофеинот може да активира или да ослободи некои хормони како адреналинот, кој кај човекот го елиминира чувството на умор, но може да предизвика и нервоза.

Често одење во тоалет
Кофеинот е слаб диуретик и може да поттикне почесто уринирање од вообичаено. Ова е повеќе непријатен отколку проблем за паника, но тоа може да значи дека хранливите материи не се апсорбираат во организмот како што треба, бидејќи течноста низ телото поминува премногу брзо.

Болки во стомакот
Кофеинот може да го стимулира гастроинтестиналниот тракт, а тоа може да предизвика нервоза, мачнина, па дури и дијареа. Повторно, ова може да биде доста непријатен проблем.

Анксиозност
Ако утринското кафе ве прави анксиозни и нервозни наместо смирени и свежи, можеби е време да престанете да пиете кафе рано наутро и да почнете да пиете чај. Симптомите на анксиозност можат да се влошат ако претерувате со внесување кофеин во вашето тело.

Мачнина
Високото ниво на киселини во кафето кај некои луѓе може да предизвика мачнина и проблеми со варењето на храната.

Несоница
Кафето може да нѐ расони, но и да ни донесе несоница. Кофеинот циркулира низ нашето тело и после неколку часа од конзумацијата и може влијае на проблем со заспивање. Доколку имате ваков проблем, не пијте кафе пред спиење, туку смирете го организмот со шолја чај од камилица.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>