Секој организам е различен. При воведување на нова навика во исхраната, дури и онаа што теоретски звучи како многу здрав избор, може да се случи едноставно да не одговара на нашето тело.
Како да ги препознаеме знаците за предупредување?
° Често губите контрола и јадете повеќе од што ви се јаде.
° Не се чувствувате добро и спремно физички.
° Постојано размислувате за храна.
° Морате постојано да се враќате од почеток, прекршувате некои дневни правила кои сте си ги задале за исхраната.
° Чувствувате вина кога ќе изедете нешто нездраво.
Не заборавајте дека балансот е најважниот чекор за здрава исхрана. Јадете почесто, помали количини. Пијте вода минимум 2л на ден. Газираните сокови заменете ги со незасладен чај. Овошјето и зеленчукот внесете ги во секојдневието. Силата сама ќе дојде, физички активирајте се постепено.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!