Top
nedostatok_na_zelezo_iLike.mk

Знаци кои покажуваат дека имате недостаток на железо

Анемијата значи недостаток на крвни зрнца, а тоа е резултат на недостаток на железо. Како причини кои доведуваат до недостаток на железо најчесто се несоодветна исхрана, болест на цревата или бременост. Симптомите кои укажуваат на недостаток на железо се: постојано чувство на замор иако сте наспани, бледило, губење здив, главоболка и вртоглавица, забрзани отчукувања на срцето, сува и оштетена кожа и коса, отоци и болка во крајниците и устата, синдром на немирна нога (постојано цупкате со ногата), анксиозност, тешка менструација, како и ладни раце и стопала.

Доколку почувствувате некој од овие симптоми, задолжително посетете доктор. За да го спречите недостатокот на железо треба да го снабдувате органзимот со овој важен минерал. За таа цел се препорачува да јадете црвено месо, зеленчук, суво овошје (суво грозје и кајсии), морски плодови, семки и јаткасти плодови, житарки и овошје богато со витамин Ц. Витаминот Ц ја подобрува апсорпцијата на железо и токму затоа го препорачуваат да се зема дополнително како додаток во исхраната. Доколку се утврди дека е неопходно, доктор ќе ви препише дополнително внесување на железо преку суплементи.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>