Top
zelencuk

Зеленчуци со кои ќе го победите целулитот

Здравата исхрана со многу овошје и зеленчук е особено важна во борбата против целулитот. Зеленчукот содржи витамини и минерали кои се неопходни за да го зајакнат сврзното ткиво.

Сладок компир
Еден од најстарите зеленчуци, најхранливиот и најздравиот зеленчук кој е идеален во борбата против целулитот е слаткиот компир. Тој содржи калиум, витамини Ц и Е, и бета каротен. Поради коренестиот протеин е одличен антиоксиданс. Слаткиот компир ја подобрува циркулацијата и успешно елиминира токсини, а тоа се двете најважни работи кога сакате да го отстраните целулитот.

Брокула
Овој зеленчук е одличен борец против целулитот. Содржи алфа липоична киселина која помага против стврднувањето на колагенот. Освен тоа, брокулата е концентриран извор на витамин Ц и одличен извор на прехрамбени влакна. Еден од најдобрите немлечни извори на калциум е токму брокулата, која всушност е и одличен борец против целулитот.

Прокељ
Kонsумирањето на зелен лиснат зеленчук, меѓу кои се вбројува и прокељот, е одличен сојузник во борбата против целулитот. Освен витамин Ц, содржи и материја која се нарекува индол-3-карбинол (I3C), која кога ќе се изеде, во организмот се претвара во ди-индолил метан (DIM). DIM им помага на ензимите на црниот дроб да го блокираат производството на 16-OH естрогенот, штетни материи кои исто така се одговорни за губитокот на квалитетот на колагенот.

Не заборавајте дека во бoрбата против целулитот, со правилна исхрана и доволно вода, во голема мера помага и физичката активност.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>