Top
avokado-pijalok

Со зелен оброк во чаша против мастите

Најчестите причини поради кои во нашето тело се таложат масти се нездравата исхрана и слабата физичка активност. Поради тоа, не се согоруваат вишокот калории во текот на денот, кои пак потоа се претвораат во масно ткиво. Ваквото ткиво најчесто се таложи околу стомакот. Наједноставен начин да се подобри ваквата состојба е да се преземе физичка активност и да се внимава на исхраната. Затоа, подгответе си пијалок кој ги разградува мастите и позитивно влијае на целокупниот организам.

Ѓумбирот во голема мера ја забрзува работата на метаболизмот, помага во согорување на вишокот калории и мастите ги претвора во топлина. Јаболковиот оцет во комбинација со мед ги остранува мастите од телото. Авокадото изобилува со моно-незаштитени масти кои не се таложат на телото за разлика од заштитените масти. Освен тоа, авокадото создава чувство на ситост. Магдоност пак има детоксикациско дејство.

За подготовка на пијалокот се потребни следниве состојки:
– 1 лажица јаболков оцет
– 1 лажица рендан ѓумбир
– 1 чешне лук
– ½ авокадо
– 1 шолја свеж спанаќ
– 1 лажица мед
– ½ шолја млака вода
– малку магдонос

Подготовка:
Авокадото, спанаќот, магдоносот измијте ги и исецкајте ги ситно. Ставете ги во блендер заедно со јаболковиот оцет, ѓумбирот, лукот и сето тоа добро измиксајте го. На крај додадете ги медот и млаката вода. Пијалокот пијте го наутро, на празен стомак и после секој оброк полн со масти.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>