Top
surutka

Здравствени придобивки кои ги носи сурутката

Сурутката е богата со хранливи материи, полна е со јаглехидрати, минерали и витамини. Настанува при производство на сирење, а во неа остануваат највредните состојки од млекото: витамини Б и Е, минерали и млечни шеќери кои се корисни за мозокот.

Спас за црниот дроб
Сурутката во себе содржи бета-лактоглобулин кој помага во болестите на црниот дроб, а помага и кај луѓе кои боледуваат од цироза. Лечи замастување на црниот дроб, хепатитис и жолтица. Пијте една чаша сурутка дневно за подобра работа и здравје на црниот дроб.

Помага за слабеење
Сурутката содржи многу белковини кои ја зголемуваат мускулната маса и даваат чувство на ситост. Во 100 грама сурутка има само 26 калории и затоа е добра за диета и за одржување вита линија.

Намалува надуеност и спречува запек
Го поттикнува варењето на храната, така што нема да имате непријатно чувство на надуеност. Сурутката е диуретик, па не треба да претерате со нејзината конзумација (максимална количина е еден литар сурутка на ден), бидејќи можете да добиете дијареа. Таа делува и како пробиотик во цревата.

Ги отстранува стресот и заморот
Сурутката го поттикнува лачењето на серотонинот, така што го намалува чувството на стрес и хроничен замор.

Го регулира вишокот маснотии во крвта
Сурутката се препорачува кај луѓе кои имаат проблем со маснотиите во крвта, а кои не можат да се контролираат со лекарства или исхрана. Сурутката го регулира нивото на холестерол и триглицериди.

Го намалува крвниот притисок
Редовното конзумирање на сурутка помага за здрав крвоток бидејќи ја намалува глукозата во крвта, а освен тоа го намалува и ризикот од срцеви заболувања.

Заради високото количество на млечен шеќер сурутката е продукт кој може да предизвика дигестивни проблеми кај луѓе кои се интолерантни на лактоза.

За да се осигурате дека не сте алергични на сурутка, можете да направите мал тест. Намачкајте помала количина на сурутка на зглобот на раката навечер со триење. Ако се појави црвенило и надразнетост и истото се задржи до утрото, не треба да конзумирате сурутка.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>