Top
srce

Заштитете го срцето со здрава исхрана

Храната која ја консумираме несомнено има големо влијание врз работата на срцето и крвните садови. Токму затоа, потребно е да знаете и да внесете некои промени во исхраната, како би го заштитиле своето срце.



Лукот го намалува холестеролот
Заболувањата на срцето и крвните садови се водечка причина за смрт на многу луѓе. Бројот на смртни случаи кои се резултат на кардиоваскуларни проблеми, како што вели нутриционистот Бранка Миркович може да се намали за 50%, со воведување на едноставни промени во начинот на живот, особено во исхраната.
Лукот ги штити срцето и крвните садови, но само ако го користите како додаток во исхраната.

Бенефиции од консумирањето лук се:
-го намалува нивото на вкупниот холестерол
-го намалува нивото на LDL („лошиот“) холестерол
-го намалува крвниот притисок
-спречува згрутчување на крвта
-дејствува како антиксиданс

Заситени масти и холестерол
На листата на промени во исхраната се наоѓа и намалено внесување на заситени масти и холестерол, бидејќи тоа води до создавање слоеви кои може да ги запушат артериите што може да резултира со артеросклероза, а во екстремни случаи инфаркт и мозочен удар. Токму поради тоа се препорачува ограничено дневно внесување на масти. Дневната доза на холестерол не смее да биде повисока од 300mg.

Сол во умерени количини
Освен на количината на масти, треба да се обрне внимание и при внесувањето на количината на сол. Солта му е неопходна на организмот за одржување на рамнотежа на телесните течности, па премалата количина сол може да доведе до дехидрација (бидејќи клетките не успеваат да задржат вода). Внесувањето на поголема количина сол доведува до хипертензија. Како превентивна мерка за намалување на крвниот притисок се препорачува контролирање и намалување на консумирање на солта. За нормално функционирање на организмот се потребни 5gr сол дневно.

Диетални влакна
Диеталните влакна се составен дел на растенијата, а повеќето диететски влакна поминуваат низ дигестивниот тракт непроменети. Додека поминуваат низ дигестивниот тракт, тие влијаат на начинот на кој организмот ќе апсорбира определени хранливи состојки. Извори на диететски влакна се: овес, грав, грашок, ориз, јачмен, јагоди, јаболки, сливи, ‘рж, зелка, моркови, брокула. Диеталните влакна влијаат врз нормалното функционирање на дигестивниот тракт.

Риба и рибино масло
Додека заситените масти го зголемуваат ризикот од кардиоваскуларни болести, есенцијалните масни киселини, кои се во голема мера присутни во рибиното масло имаат позитивно влијание врз крвните садови.

Есенцијалните масни киселини помагаат во:
-намалување на нивото на триглицериди во крвта
-намалување на ризикот од згрутчување на крвта, бидејќи тие влијаат како антиоксиданси кои го спречуваат соединувањето на крвните плочки
-намалување на крвниот притисок
Нутриционистите препорачуваат консумирање најмалку две порции на риба неделно. Покрај рибата, добар извор на есенцијални масни киселини се и оревите, бадемите, семки од тиква и ленено семе.

Значи, за здраво срце е потребно:
-да не пушите цигари
-да ја одржувате телесната тежина во нормални граници
-редовна физичка активност
-јадење здрава храна
-контролирање на крвниот притисок
-победување на високото ниво на холестерол
-одржување на нивото на шеќерот во крвта во нормалните граници

Запомнете: здравата исхрана и здравиот начин на живот е најдобар начин за одржување на целокупното здравје на човечкиот организам!

18




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *