Ако сакате да го зајакнете имунитетот, наместо да посегнете по препарати, посегнете по овошје и зеленчук. Ви претставуваме опции за смути пијалаци кои ќе ве освежат, ќе ви ја вратат енергијата и ќе го чуваат вашето здравје.
Лута банана
Потребни состојки за две чаши: 30g спанаќ, 2 шолји кокосово млеко, 3 банани, 1 мало парче исецкан ѓумбир и половина лажица цимет.
Блендирајте ги спанаќот и кокосовото млеко се додека не добиете хомогена смеса. Додајте ги останатите состојки и изблендирајте уште еднаш.
Виолетова моќ
Потребни состојки за две чаши: 90g виолетова зелка, 1 чаша вода, 1 портокал и 1 банана.
Сите состојки ставете ги во блендер. Блендирајте се додека не добиете изедначена смеса и уживајте во смути преполно со витамини.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!