Top
stomak

Здрави навики за рамен стомак

Со растот на температурите доаѓа и потребата да се ослободиме од вишокот слоеви на облека. Токму затоа, направете промени во навиките кои ќе го направат вашиот стомак рамен.

  • Денот започнете го со чај од ѓумбир. Овој чај го забрзува варењето на храната и ја спречува подуеноста на стомакот.
  • Наместо стандарден појадок, направете омлет од белки.
  • Каснете една банана во текот на денот. Таа е полна со калиум кој го регулира задржувањето на вода во телото.
  • Исхраната исфрлете го лукот, артичокот, пченката, кељот, блитвата и печурките. Овие намирници се здрави, но предизвикуваат подуеност.
  • Избегнувајте слатки и енергетски чоколади кои содржат житарки и засладувачи.
  • Уживајте во јадењата со магдонос, затоа што тој е моќен регулатор на варењето.
  • Уживајте и во темното чоколадо со 70% какао.
  • Јадете повеќе мали оброци на 3-4 часа, наместо 2 обилни.
  • Јадете бавно. Така го спречувате голтањето на воздух и му оставате на организмот доволно простор правилно да ја свари храната.
  • Соковите заменете ги со вода и лимон.
  • Избегнувајте газирани и слатки пијалаци. Меурчињата и шеќерот се најлошата можна комбинација.
  • Белиот леб и тестенините заменете ги со оние од цели зрна, заради влакната кои се клучни за доброто варење.
  • Избегнувајте масна храна која тешко се вари.
  • Барем 15 минути во денот пешачете.
  • Во текот на денот испијте уште една шолја чај од ѓумбир, но овојпат со цимет.
  • Прескокнете ги млекото и млечните производи кои ви создаваат подуеност.
  • Направете купка со шолја морска сол. Магнезиумот од солта го поттикнува потењето со кое ги исфрлате вишокот течности и токсини од телото.
  • Не доставајте сол во храната. Солта ги задржува течностите во телото.
  • Ако сте гладни, грицкајте бадеми. Тие не ви го дујат стомакот, а ве заситуваат.
  • Алкохолот исто така ви голем непријател ако сакате да имате рамен стомак.



Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>