Top
zelencuk

Здрави навики за добро здравје на срцето

Заболувањето на срцето е главната причина за смрт ширум светот која носи 400.000 животи годишно. Од болести на срцето умираат повеќе луѓе отколку од сите видови на рак заедно, а жените се посебно изложени на ризикот.
Eден од начините кој може да ви помогне да ги спречите овие заболувања е да престанете да пушите, да вежбате редовно и да држите диета која е здрава за срцето. Правилната исхрана може да го спушти крвниот притисок, телесната тежина и нивото на холестерол. Исто така намалувањето на ризикот од дијабетес – сето ова се фактори кои влијаат на заболување на срцето.

Нешта кои можете да ги консумирате:
– Масна риба поради омега 3 масните киселини
– Јаткасто овошје кое го намалува холестеролот
– Домати, бидејќи содржат ликопен, моќен антиоксиданс
– Овес, бидејќи само тој содржи авенантрамид, кој има антивоспалителни и антиоксидантни својства

Нешта кои треба да ги избегнувате:
– Бел леб и бело брашно, бидејќи се во прашање преработени производи кои често имаат додатни јаглехидрати
– Црвено месо, луѓето кои јадат говедско, свинско и јагнешко три пати неделно имаат поголем ризик од срцеви заболувања
– Жолчки, бидејќи содржат холестерол
– Сол бидејќи го зголемува крвниот притисок, барем овој зачин да го ограничите на помалку од 1,5 грама дневно




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *