Top
Zachin-KIM-iLike-mk

Зачин со кој ќе ослабете 3 пати побрзо

Овој зачин веројатно веќе го имате во вашата кујна и го користите за подготовка на кифлички, но сигурно не сте свесни колку истиот може да ви биде од корист доколку сте на диета.

Станува збор за ким, кој не само што е здрав, туку со него ќе слабеете многу побрзо од вообичаено. Имено, преку новото истражување во кое учествувале 88 жени со прекумерна тежина, научниците воочиле дека оние кои секој ден консумирале по една лажичка мелен ким дури три пати побрзо губеле тежина од луѓето кои биле на диета, а не го консумирале овој зачин.

Сите жени за време на истражувањето го намалиле дневниот внес на калории за 500 и ги следеле советите за здрава исхрана. Но, половина од испитаничките секојдневно внесувале по три грама ким во прав, измешан во немасен и незасладен јогурт.

После 3 месеци, групата која консумирала ким повеќе ослабела, а покрај тоа, мастите во телото им биле намалени за 14 проценти. Кај жените кои не консумирале ким, мастите се намалиле за само 4,9 проценти.

Научниците од Институтот за медицински науки во Иран откриле и дека кимот помага значајно да се намали нивото на лошиот холестерол. Овој ефект тие го објаснуваат со тоа што кимот изобилува со соединението фитосферол, кое има способност да го апсорбира холестеролот, а содржи и материи кои го забрзуваат метаболизмот.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>