Top
jadenje-noke

Заборавете на ноќните оброци!

Кога добивате желба за јадење во текот на ноќта, не само што наталожувате килограми, туку и го оптоварувате организмот со храна која воопшто не е здрава. Секогаш кога јадете на брзина не обрнувате внимание на кавлитетот на храната. Многу често се случува стомакот да ви е полн, а мозокот сепак да ве натера да станете ноќе и да се упатите кон фрижидерот.

Јадете бавно
Кога јадете „на нога“, додека одите или се качувате по скали, тоа го правите многу брзо. Одвојте малку повеќе време од вообичаено, на пример наместо 5, јадете 10 минути. Уживајте во храната и намалете ја оптовареноста на стомакот.

Направете мала пауза
Сигурно не забележувате колку брзо јадете за време на ручекот или вечерата. Обидете се после секој залак да ја оставите вилушката на маса. Џвакајте бавно и уживајте во вкусот на храната. На организмот му се потребни 15-20 минути да покаже дека е сит. Кога ќе научите да јадете побавно, ќе сфатите дека и помалку храна може да ве најаде, со што ќе го намалите внесот на калории и ќе симнете некој килограм.

Избегнувајте јадење пред ТВ и компјутер
Јадејќи пред ТВ или компјутер немате контрола на храната која ја внесувате во организмот. Научете дека треба да јадете само на масата во кујната.

Консумирајте здрави масти, протеини и влакна
Одлични извори на масти се ореви, јајца, маслиново масло, авокадо и риба. Најдобри извори на влакна се каша, малини, портокал, кафеав ориз, хумус, а протеините ќе ги најдете во месо, јогурт, млеко и мешункасти растенија.

Напијте се чаша вода
Сигурно и вие не обрнувате внимание на тоа дека не пиете доволно вода во текот на денот, а многу пати се случува да не правите разлика помеѓу чувството за глад и жед. Пред да посегнете по храна, напијте се голема чаша вода. Ако и после 15-тина минути сѐ уште го имате истото чувство, тогаш јадете.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *