Top
stres

Во кои години ни се случува најголем стрес?

Стресот ако стане хроничен, му прави голема штета на целиот организам.

Најпознатата болест на денешното време, стрес, е најголемиот непријател на човекот. Едно неодамнешно истражување спроведено од страна на Британското здружение за управување со стресот, покажува дека жените се почувствителни на стрес за разлика од мажите, но ова истражување укажува и на критичните години. Резултатите од ова истражување покажале дека најмногу сме изложени на стрес во периодот од 18-33 години. После овие години нивото на стрес, според ова истражување, се намалува.

Во денешно време очекуваме повеќе, а немаме можности да го оствариме тоа, и тоа е една од причините што честопати сме изложени на стрес. Тоа тежнеење кон совршенство, убавина и љубов, наместо да нѐ инспирира, постепено се претвора во негативна перцепција за себе и светот. Рамнотежата е нарушена и честопати за последица имаме бројни здравствени проблеми, физички и психолошки. Според американскиот институт за стрес, до 90% од сите зздравствени проблеми се поврзани токму со стресот.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>