Top
horseradish

Вклучете рен во својата исхрана

Ренот е зачинска билка и истата многу ретко може да ја видиме на трпеза. Постојат многу причини кои зборуваат зошто да го воведете во својата исхрана, дури и само како додаток во салата. Ренот се одгледува речиси насекаде низ светот, се употребува само свеж корен кој најчесто се користи како зачин. Коренот на оваа билка има лут вкус, нема мирис, а кога го рендате има многу лута арома која предизвикува солзење на очите. Изобилува со витамин Ц, кој во сезоната на настинки и вируси многу ни е потребен. Во 100g свеж корен има над 100mg витамин Ц. Ренот содржи гликозид, глутамин, глукоза, калиум, кисел сулфат, етерични масла и синигрин, кој му дава специфичен лут мирис и вкус. Ссе препорачува за чистење на крвта и исфрлање на камен, а како народен лек се користи во болести против белите дробови, реума, гихт, кивавица и исфрлање на секрет од дишните патишта.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *