Top

Витамини кои треба да се внесуваат секој ден

За да се храните здраво треба да знаете кои се најважните витамини и каде можете да ги најдете истите. Овие витамини задолжително треба да се внесуваат во организмот секој ден.

Витамин А
Овој витамин (бета каротен, ретинол) е исклучително важен за видот, здрава кожа, коски, грлото, респираторниот и дигестивниот систем. Витаминот А е важен за правилен раст, но и за брзо зараснување на рани. Него го има во овошјата и зеленчукот со портокалова, жолта и зелена боја, во јајца и путер.

Витамин Ц
Кога сме болни, се обидуваме да внесеме колку што е можно повеќе од овој витамин. Освен што помага за побрзо оздравување, овој витамин помага во лекување рани, изгореници, модринки и коски. Тој ја намалува болката кај ревматоиден артритис, а го штити и срцето. Се наоѓа во портокали, лимони, грејпфрут, домати, капинки, малини, боровинки, магдонос и друго.

Витамин Д
Главната функција на овој витамин е да одржи рамнотежа на калциум во телото. Одличен е за борба против грип и вирусни инфекции, а бидејќи го одржува балансот на калциум, одличен е и за здрави коски и заби. Овој витамин се наоѓа во прехранбени производи од растително и животинско потекло, како: риба, жолчка од јајце, кравјо млеко, сирење и маргарин.

Витамин Е
Бидејќи има карактеристики на антиоксиданс, овој витамин ги спречува нестабилните молекули во оштетувањето на клетките и ткивата. Исклучително е важен за имунолошкиот и ендокриниот систем, како и за жлездите. Се наоѓа во растителните масла, ореви, морска храна, јајца, авокадо и во зеленчук со темно зелена боја.

Витамин К
Потребен ни е во мали количини, но сепак е важен за производство на протеини кои се од суштинско значење за згрутчувањето на крвта, функцијата на бубрезите и здравјето на коските. Овој витамин го има во зелка, спанаќ, коприва, грашок, домати, моркови, компири, растително масло, млеко и соја.


Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>