Top

Витамин Б1 (Тиамин)

Тиаминот, познат уште како витамин Б1, е привиот откриен витамин од групата на Б витамините. Тиаминот заедно со другите витамини од Б групата, е вклучен во искористувањето на мастите и протеините, а исто така го одржува срцето и мукозните мембрани здрави. Тиаминот има улога во претворањето на глукозата во биолошка енергија, потребна за правилно функционирање на мозокот. Исто така тиаминот е вклучен во одредени метаболни реакции кои се одвиваат во нервното ткиво, срцето, формирањето на еритроцитите и одржување на мазната и скелетната мускулатура.

Тиаминот го има скоро во сите видови храна од растително и животинско потекло, но најголеми концентрации има во јаткастото овошје, кафеавиот ориз, морската храна и житариците. Легуминози, млеко, телешко и свинско месо исто така се богати со витамин Б1. Тиаминот се уништува при долго изложување на високи температури, но не и со замрзнување. Храната треба да се готви со мало количество на вода, за да не “истечат” витамините кои се растворливи во вода, заедно си тиаминот. Пиењето на чај или алкохол со јадење го намалува количеството на тиамин кое се апсорбира од страна на организмот.

Дефицитот на тиамин доведува до состојба позната како бери бери, која порано била честа кај морнарите, додека во денешниот модерен свет е ретка, освен кај алкохоличари и некои заболувања. Бери бери ја има најмногу во камповите и засолништата за бегалци, а во Азија е една од главните причини за смрт кај доенчињата.

Главниот ризик фактор за развивање на дефицит на тиамин е алкохолизмот. Генерално алкохоличарите јадат малку, па имаат низок внес на тиамин а и на другите витамини. Алкохолот исто така директно делува на тиаминот и го уништува, а исто така го зголемува неговото исфрлање од организмот. Постарите лица кои имаат слаб нутрициски статус, како и проблеми со апсорпцијата имаат потреба од суплементи. Други лица со неадекватни диети, зголемен стрес, болест или хируршки зафат исто така можат да имаат корист од суплементи на тиамин. Употребата на цигари, како адитиви во храната, можат да ја намалат абсорпцијата на тиамин. Недостаток на витамин Б1 често моше да биде пратен и со недостаток на другите Б витамини, како и други нутритиенти. Затоа најдобро е да се земаат суплементи кои содржат Б комплекс.

Автор: Д-р Дарко Стојановски




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>