Top

Со исхрана против висок притисок

Терапијата за хипертензија или висок притисок со лекови е долготрајно решение. Но, пред започнување на терапијата се препорачува детален преглед и обид за контрола на притисокот преку здрава исхрана. Во последно време најважното оружје за борба против високиот притисок е токму храната, а понекогаш се користи во комбинација со лекови. Во продолжение прочитајте што влијае на намалување на крвниот притисок.

Овошје и зеленчук
Растителните влакна, особено оние кои ги содржи овошјето, имаaт значаен ефект врз намалување на високиот крвен притисок. Истражувањата покажуваат дека вегетаријанската храна значително го намалува крвниот притисок.

Лук
Лукот има влијание на мускулната релаксација на крвните садови, а на тој начин се намалува перифернит отпор. Треба да се консумираат околу 3 чешниња лук дневно, за да се постигнат некакви резултати.

Целер
Во него е пронајдена активна супстанца која во голема мера го намалува крвниот притисок. Оваа супстанца ја намалува концентрацијата на хормонот на стрес кој ги стеснува крвните садови. Токму затоа целерот им се препорачува на луѓето кај кои причината за висок крвен притисок е стресот. Освен тоа, целерот го намалува нивото на холестерол.

Риба
Се смета дека омега 3 масните киселини (кои ги содржи рибиното масло) се значаен фактор во регулирањето на крвниот притисок. Потребно е барем три пати неделно да се консумира риба за да дојде до регулирање на притисокот. Според истражувањата, луѓето што консумирале 100g свежа куша, 100g конзервиран црвен лосос или 200g конзервирани сардини секојдневно, во период од три месеци успеале да го регулираат крвниот притисок без лекови.

Маслиново масло
Користењето маслиново масло го намалува крвниот притисок, а кога се користи во поголеми количини, го намалува крвниот притисок и кај луѓето кои имаат нормален притисок.

Калциум
Некои истражувања покажуваат дека зголемениот крвен притисок е последица на недостатокот на калциум. Тој се наоѓа во кељ, брокула, млеко и млечни производи.

Витамин Ц
Недостатокот на овој витамин може доведе до покачен крвен притисок. Затоа се советува да се внесува овој витамин преку овошје, зеленчук, или во форма на таблети.

Калиум
Калиумот го има во овошјето, зеленчукот и морската храна, а истражувањата покажуваат дека и тој влијае врз намалување на крвниот притисок.

Што друго треба да преземете?
Јадете помалку солена храна, избегнувајте индустриски преработена храна, ограничете го консумирањето алкохол, регулирајте ја телесната тежина и бидете физички активни.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>