Top
Вишни

5 причини поради кои треба да јадете вишни

Вишна, или како што е нејзиното латинско име prunus cerasus, е плодовито овошно дрво. Во Република Македонија се одгледува во сите реони со надморска височина до 1.100 метри. Првата плантажа со облачинска вишна била посадена во Битолско во далечната 1970, на површина од 20 хектари. Набрзо се увидува нејзината плодност и исплатливост, и нагло се шири во сите реони на државава.

Вишните содржат растителен пигмент кој е моќен антиоксидант во превенција на срцевите заболувања и тумори. Најголема содржина во вишните се јагленохидратите и гликозата. Вишните се богат извор на калиум, витамин Ц и витамини од групата Б.

Во екот е сезоната на вишните, па еве пет причини зошто ова вкусно овошје треба да биде дел од вашето мени:

  • Ја олеснуваат болката во зглобовите
    Поради своите јаки бои се богати со антоцијани и антиоксиданси, а нивната улога е да ги неутрализираат ензимите кои предизвикуваат воспаленија во организмот и можат да помогнат при олеснување на болката во мускулите и зглобовите.
  • Го чуваат дебелото црево
    Ова моќно овошје е богато со антиканцерогени елементи, и според некои истражувања, вишните превентивно делуваат на настанување на тумор во дебелото црево.
  • Го подобруваат видот
    Киселите вишни содржат дури 19 пати повеќе бета–каротен отколку што е тој е застапен во боровинките, а витаминот А помага во чувањето на добриот вид.
  • Го контролира нивото на холестерол
    Вишните се многу богати со пектином – влакна кои превентивно делуваат против болестите на срцето и крвните садови. Исто така, го регулираат холестеролот во крвта.
  • Го подобруваат сонот
    Вишните заедно со кајсиите, сливите и праските се овошје со најмногу мелатонин, природен хормон кој го регулира спиењето.



Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>