Top
son

Вежбајте за да спиете подобро

Оние кои имаат проблем со спиењето, односно не можат да спијат во текот на ноќта, треба да бидат повеќе физички активни и да вежбаат.
Д-р Макс Хиршковиќ вели дека ако вообичаено не сте активни, а само 15-20 минути во текот на денот почнете да се движите, ќе ги зголемите шансите за подобар сон. Започнете постепено, а потоа зголемете го темпото, бидејќи малите промени се воведуваат единствено на таков начин. Тоа значи дека од краткотрајно движење преминете на интензивни активности како трчање, пливање или теретана. Апнеата, која се опишува како состојба во која во текот на спиењето настануваат повремени прекини во дишењето, има 50% помали шанси да се појави кај оние кои вежбаат. Тоа може да се објасни со фактот дека луѓето кои не вежбаат повеќе се дебелеат, а токму тоа доведува до појава на апнеа.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>