Top
voda

Утрински навики за успешно губење на килограми

Утрото е одлично за вакви ритуали, бидејќи најчесто во остатокот од денот сме исцрпени од работа и фамилијарни обврски.

Понесете шише со вода
Еден од најдобрите начини за во текот на денот да внесете повеќе вода е наутро да земете шишенце со вода и секогаш да го носите во торба. Исто така би било пожелно пред да излезете од дома да испиете 2-3 чаши вода за одличен почеток на денот.

Одработете тренинг за сила
Утрото е најдобар дел од денот за вежбање бидејќи во тоа време ништо нема да ви го одвлекува вниманието. Тренинзите за сила допринесуваат за подобра работа на метаболизмот и ќе ви дадат доволно енергија за цел ден. Земете тегови и одработите брз тренинг за нозе, раце и и грб… Нема да ви требаат повеќе од 20 минути.

Изедете појадок богат со растителни влакна
Како што сигурно знаете влакната ќе ви обезбедат енергија за цел ден и затоа вашиот појадок нека се состои од намирници кои се богати со влакна како што се киноа, тофу или свеж зеленчук. Едно истражување покажало дека луѓето кои јадат најмалку 30g протеини за појадок имаат прилично стабилно ниво на гликоза, а тоа е одлично за контролирање на оброците во текот на денот, а со самото тоа и држењето на килограмите под контрола.

Понесете си ужина
Једна од главните причини поради која се дебелееме е нездравата ужина која ја јадеме на работа. Потрудете се секое утро да си спакувате некоја здрава ужина која ќе ја понесете со вас на работа.

Преиспитајте ги своите цели кога е во прашање диетата
Повеќето од нас по некое време од држење диета или одење во теретана заборава на крајната цел. Повремено потсетете се на тоа која е вашата сакана тежина, проверете до каде сте стигнале и колку уште ви преостанало.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *