Top
med_za_nega_na_kozha

Убавина и здравје со домашни продукти

Домашните продукти се едноставни, а многу од нив помагаат за подобрување на здравјето и разубавување. Неколку основни состојки треба да ги имате во вашиот дом, а тие ќе ви помогнат во подготовка на многу домашни рецепти за здравје и убавина.

Кокосово масло
Кокосовото масло може да се искористи за омекнување на кожата, за бричење, за помека коса, но и за подготовка на различна храна и смути.

Есенцијални масла
Не само што мирисаат убаво, туку и помагаат за решавање на многу проблеми поврзани со кожата – сува кожа, акни, уморна кожа итн…

Јаболков оцет
Одличен производ за внатрешна и надворешна убавина. Од негово конзумирање со мед и топла вода наутро, до чистење на лицето и миење на косата, односно една состојка која носи многу бенефити. Јаболковиот оцет е антибактериски оцет кој придонесува за балансирање на pH вредноста на кожата и косата и затоа е најдобро решение во борбата против првутот, акните и другите проблеми на косата и кожата.

Мед
Едноставна состојка која е одлична за кожата, косата, но и здравјето. Придонесува за затворање на порите, омекнување на кожата, а е одлична состојка и за кожата која е склона кон акни. Освен тоа, се препорачува и за многу лекови за подобрување на здравјето како подобрување на имунитетот, болно грло и сезонски алергии.

Сода бикарбона
Содата е нашата омилена состојка за домот. Одлична за чиста кожа, ослободување од токсините, па дури и чистење на домот.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>