Top
4 трикови за поголема енергија во летниот период

4 трикови за поголема енергија во летниот период

Високите температури го намалуваат крвниот притисок и ве дехидрираат. Ова резултира со поспаност, зашеметеност и помала концентрација. Еве неколку едноставни совети со кои ќе го надвладеете заморот:

  • Пијте течности
    Нивото на енергија во текот на денот може да падне поради дехидрирање на организмот. Затоа, зголемете го конзумирањето на течности и пијте најмалку два литри на ден.
  • Избегнувајте благо и бел шеќер
    Кога ќе ве фати неподнослива желба да јадете чоколадо или сладолед, сетете се на следново – шеќерот предизвикува нагло зголемување на инсулинот во крвта што влијае врз намалување на енергијата. Ова нека биде доволна причина за да го прескокнете ова мало задоволство.
  • Бидете физички активни
    Ако не повеќе, доволни се само 10 минути пешачење за време на вашата паузата. Во канцеларија ќе се вратите насмеани, полни со елан и подготвени за нови предизвици.
  • Јадете повеќе зеленчук
    Зеленчукот е извор на хранливи состојки кои ве прават да се чувствувате енергично. Наутро напијте се енергетски пијалак од зеленчук, а за време на ручекот изедете еден оброк салата. Ова нека биде вашата дневна доза на енергија.



Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *