Top
hamburger

Типови на храна кои го намалуваат имунитетот

Сезонските настинки, вирози и грип се многу честа појава во студените месеци заради зголемената количина на вируси и бактерии во воздухот. Меѓутоа, на истите се склони само луѓето кои имаат намален имунитет. Следниве типови храна треба да ги избегнувате ако сакате да се заштитите од кашлање, кивавици и слични симпотми на настинки и вирози.

  • ШЕЌЕР
    Нутриционистите препорачуваат намален внес на шеќер во сите годишни времиња бидејќи оваа намирница нема хранливи вредност. Тој го зголемува нивото на шеќер во крвта и ја намалува можноста организмот да се бори против бактериите и вирусите. Во есенските и зимските месеци стручњаците препорачуваат ограничување на внесот на шеќер во огранизмот. Избегнувајте храна која има голем процент на рафиниран шеќер, како слатки и газирани пијалаци. Наместо тоа, се препорачува храна која го стабилизира нивото на шеќер во организмот како кафеав ориз и леќа, кои го зајакнуваат имунитетот.

  • ПРОСТИ ЈАГЛЕХИДРАТИ
    Шеќерот се крие во простите јаглехидрати како корнфлекс и бел леб, кои за многумина се избор за појадок. Консумацијата на прости јаглехидрати во телото брзо се претвора во гликоза и создава исти проблеми во организмот како и една чајна лажица бел шеќер. Наместо нив, земете житарки како овес и јачмен, во комбинација со органско млеко од бадеми, банани и малку цимет.

  • МРСНА И ПРЖЕНА ХРАНА
    Постојат многу причини поради кои треба да се избегнува храната полна со заситени масни киселини како пржено месо и помфрит. Редовната консумација на вака подготвена храна го зголемува крвниот притисок и ризикот од кардиоваскуларни болети, а истовремено го намалува имунитетот. Нутриционистите советуваат дека изборот на храна е клучен фактор за отпорност на организмот на болести и други надворешни влијанија. Тие советуваат умереност, односно повремена замена на црвеното месо со поздрави протеини како на пример грав.

  • АЛКОХОЛ
    Не мора да се одрекувате од повремена консумација на чашка црвено вино, но треба да внимавате на количината алкохол која ја внесувате во организмот. Дел од луѓето велат дека алкохолот го загрева организмот, па оттаму се наметнува како логично решение во текот на студеното време. Бројни студии покажуваат дека претераното уживање во алкохолот го ослабува имунитетот и поединците се изложени на разни сезонски болести.

  • МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ
    Млечните производи се извор на скриени шеќери, па се препорачува нивна умерена консумација во студените денови. Американски научници откриле дека кравјото млеко може да го згусне секретот во плуќата и грлото и на тој начин да го забави опоравувањето од болести.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>