Top
koza

Темната страна на диетите

Кога ќе изгубите неколку килограми, сигурно сте пресреќни, бидејќи токму тоа и ви била целта. Но, диетите имаат неколку негативни страни кои никој не ги потенцира.

Опуштена кожа
Топењето на мастите од критичните места на телото нема да ви донесе мускули. Ако изгубите повеќе килограми, ќе ви сепојави вишок кожа, која поради премалата еластичност изгледа како да виси. Кожата ќе биде поопуштена кај оние кои за кратко време изгубиле екстремна количина килограми, но и кај повозрасните луѓе.

Депресија
Губењето на килограми се поврзува со пораст на расположението и самодовербата, но неодамна објавена студија вели дека луѓето кои намалиле повеќе килограми се склони кон депресија.

Губење во љубовта
Многу често, двајца партнери одлучуваат да започнат заедничка диета за слабеење. Заедничкото држење на диета доведува и до чести препирки, особено ако на едниот партнер му оди подобро од другиот.

Болки во стомакот
Брзото губење на килограми може да предизвика проблеми со жолчен камен, што е проследено со болка во желудникот и во некои случаи и температура.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>