Top
eating_pizza

Тајната на Италијаните за витка линија

Италијаните се познати по тоа што максимално уживаат во храната, но ретко ќе сретнете дебели Италијани. Тајната на нивната витка линија е во еден едноставен трик.

Кога и да имаат можност, одат да прошетаат, а нивните прошетки траат по петнаесеттина минути. Некогаш шетаат и по неколку пати на ден и тоа најчесто после ручекот или вечерата. Во текот на прошетките, нема да ги видите како носат телефони со апликации кои им ги мерат чекорите и растојанието кои ги поминале. Италијаните на овие ритуални прошетки уживаат во сонцето, разговораат со соседите или пак, пешачат заедно со семејството, што е одлична прилика за дружење.

За тоа дека ваквите прошетки после оброк се корисни потврди и науката. Неодамна објавеното истражување во списанието “Diabetes Care” потврди дека три прошетки дневно од по дваесетина минути после секој оброк го намалуваат ризикот од дијабетис и кардиоваскуларни заболувања.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>