Top
Suvi-slivi-kajsii-nuts-iLike-mk

Суво овошје за зајакнување на коските, мускулите и срцето

Веќе знаете дека овошјето треба да го вклучите во секојдневната исхрана. Овие суви плодови содржат супстанции кои го поттикнуваат обновувањето на клетките, вклучувајќи ги меките ткива околу ‘рбетниот диск, односно ги прават овие ткива постабилни и поеластични. Нивното засилување води до зајакнување на целиот рбетен столб, а на овој начин ќе придонесуваат и за подобра издржливост на срцето, мускулите и коските кон физичките оптоварувања. Оваа вкусна комбинација од 3 сушени плодови, консумирајте ја секој ден:

  • 1 сува смоква
  • 5 суви кајсии
  • 1 сува слива

Сувите кајсии се вистински извор на хранливи материи. Поради својата содржина на калиум, тие имаат поволен ефект врз срцевиот мускул. Во составот на овие плодови спаѓаат: фосфор, железо, калциум, каротин, витамин B5.

Смоквите ја нормализираат работата на тироидната жлезда. Освен тоа, помагаат за отстранување на паразити од цревата и се користат како народен лек за лекување на бронхит.

Сувите сливи имаат поволен ефект врз гастроинтестиналниот тракт, помагајќи ни да се ослободиме од запек и хемороиди. Тие се корисни при проблеми со срцето и крвниот притисок, против бубрежни болести, ревматизам, заболувања на црниот дроб и атеросклероза. Благодарение на високата концентрација на витамин А кој го содржат во себе, тие го подобруваат и видот.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>