Top
nervoza

Стресот предизвикува акни, а лутината осип на кожата

Емоциите кои ги имате премногу јасно се изразуваат на вашето лице. Сите промени кои се случуваат во телото се познаваат и на лицето. Не мислете дека сѐ што ви се појавува мислевте дека е само од нервоза или вишок маснотии. Всушност секоја појава е предизвикана од различни емоции.

  • Лутењето предизвикува осип
    Лутината која се таложи и создава притисок најчесто може да предизвика иритација на кожата. Таа предизвикува испуштање на кортизол и адреналин во крвотокот што предизвикува осип.

  • Акните се предизвикани од стресот
    Стресот поттикнува излачување на кортизол кој неповолно влијае на кожата и може да предизвика дерматитис и акни.

  • Адреналинот предизвикува црвенило
    Ако сте возбудени, особено ако сте под постојан адреналин, ќе имате зголемена чувствителност на кожата. Црвенилото настанува со ширењето на крвните садови и напливот на крвта. Црвенилото се намалува ако шмукате коцки мраз.

  • Депресијата предизвикува егзема
    Траумата и анксиозноста го зголемуваат ризикот за егзема, потврдуваат германските научници. Исто така, овој тип на кожа е почест кај луѓе кои патат од депресија.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *