Top
bolki vo grlo

Што треба да избегнувате кога имате болки во грлото?

Со доаѓањето на зимата, многумина имаат проблем со фарингитис, ларингитис, тонзилитис, гнојна ангина и слично. Воспаление на грлото настанува поради бактериски или вирусни инфекции, а многу често симптомите се поврзани со другите респираторни проблеми, како што се синуси или бронхитис. Пецкањето, гребењето и чувството на „кнедли“ во грлото и тешкото голтање се само дел од симптомите. Одреден тип на храна може да ви наштети кога ја конзумирате, а вие мислите дека истата е здрава. Иако имате чувство дека воспаленото грло се повлекува кога пиете врели напитоци, тоа не е паметно и може дополнително да го зголеми воспалението.

  • Кисела храна – киселините се најголеми непријатели на вашето грло и може дополнително да ги зголемат симптомите на пецкање, болка и гребење. Избегнувајте салати со оцет, зимница, портокал, лимон.
  • Солена храна – гаргарата со морска сол помага кај болките во грлото, но ако премногу консумирате солена храна има спротивен ефект.
  • Лута храна – лути пиперки, бибер или феферонки треба да избегнувате.
  • Сува храна – воспаленото грло е чувствително на надворешни дразби, а цврстата и остра храна што ја голтаме може дополнително да ги влоши симптомите. Избегнувајте чипс, житарици и јаткасти плодови.



Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>