Top
pojadok

Што не треба да појадувате?

Иако појадокот е најважниот оброк во текот на денот и се препорачува да не се прескокнува, сепак треба да се земе во предвид што не треба да се консумира. Имено, здравиот утрински оброк го намалува ризикот од дијабетес.

Сувомеснати производи
Преработеното месо содржи нитрати кои се поврзуваат со рак на дебелото црево. Од Институтот за истражување на ракот велат дека ризикот од појава на рак на дебелото црево може да се намали доколку се намали внесот на нитрати во организмот.

Житарки со шеќер
После оваа храна, шеќерот во крвта нагло се качува, а потоа нагло и опаѓа. Тоа може да направи да останете без енергија уште на самиот почеток на денот.

Палачинки со додатоци
Високото ниво на фруктоза кое го има во преливите доведува до дебелеење, а тоа го зголемува ризикот за појава на повеќе болести.

Тост, крофни или печиво
Производите од бело брашно со додаток на шеќер брзо „убиваат глад“, но брзо и предизвикуваат глад поради што постои опасност од дебелеење и дијабетес.

Диетален јогурт
Тој содржи помалку калории, но и вештачки засладувачи односно хемикалии.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *