Top
bebe-spie-na-zivotinska-koza-iLike-mk

Спиењето врз животинска кожа го намалува ризикот од астма кај децата

Доколку во првите три месеци од животот бебињата спијат на животинска кожа, значително ќе се намали ризикот од заболување од астма во подоцнежниот период. Ова е сознание до кое неодамна дојдоа група германски научници.

Стручни лица од центарот „Хелмхолк“ анализирале 2.400 деца родени во 1989 година. Тие откриле дека новороденчињата кои спиеле на животинска кожа имаат дури 79% помал ризик од астматски заболувања во однос на оние кои не спиеле на кожа од природно потекло.

Една од причините за зголемена појава на астма и алергии во последните 10 години е високо-стерилната околина во современите и урбани општества.

Проф. Д-р Анредсон Хелман вели:

Веќе е познато дека децата кои израснале на фарма поретко заболуваат од астма и алергија. Се верува дека раниот и постојан контакт со одредени бактерии кои се наоѓаат во сеното и свежото млеко го намалуваат ризикот од овие заболувања.

Според тоа, еден од изворите на тие микроби е и животинската кожа, иако научниците сеуште не се сигурни за која бактерија станува збор.

Со спиењето на животинска кожа, децата од град би можеле да стекнат заштита од астма и алергија што ја стекнуваат децата кои живеаат во село и кои се во директен контакт со животните, додаваат научниците.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>