Top
spienje

Спиењето во одредена положба ќе го сочува вашето здравје

Сонот влијае на нашиот ментален развој. Според некои тврдења, сонот ни е потребен како би го зајакнале имунолошкиот систем. Други тврдат дека е погоден за развојот на клетките, односно хормонот за раст кој се активира во длабок сон. Третата теорија пак ни говори дека сонот е неопходен за регенерација на нервниот систем.

Положбата во која спиеме не влијае само на нашето тело и на вашето ментално здравје. Најновите истражувања откриваат дека некои од позите во кои што спиеме се подобри од другите, а еве и зошто е тоа така. Како што велат стручњаците, совршена поза за спиење е кога сме завртени на страна, без разлика дали тоа ќе биде левата или десната. Со направена анализа на снимки од мозокот, тие заклучиле дека лимфниот систем кој што е задолжен за ослободување од токсините, работи поефикасно кога личноста спие завртена на страна, додека спиењето на стомак или на грб покажало и свои негативни ефекти.

Спиењето на стомак има лошо влијание на здравјето бидејќи може да доведе до дегенерација на ‘рбетниот столб, истегнување на лигаментите и мускулите околу ‘рбетот, а спиењето на грб пак може да доведе до отежнато дишење и ‘рчење. Спиењето е состојба во која човечкиот организам се одмора и опоравува од активностите во будната фаза. Се разликуваат и состојби без сон и состојби со сон, односно РЕМ спиење во кое што мозокот ги отфрла дел од информациите за да ослободи капацитет за нови.

Спроведени научни истражувања покажуваат дека спиењето на страна ја намалува опасноста од појава на невролошки заболувања, како на пример Алцхајмерова или Паркинсонова болест. Стручњаците тврдат дека квалитетот на сонот и положбата на телото во текот на спиењето се параметри кои што би требало да се земат предвид при откривањето на опасности од церебрални пореметувања.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *