Top
Jabolko

Совети за одржување на тежината

Кога станува збор за здравјето, постојат совети за исхраната кои можат да бидат од голема корист за нашето здравје, а кои честопати ги занемаруваме.

Исхраната се смета за процес на внесување храна во организмот што ни е потребна за здравје и раст. Современото време ни донесе многу преработена храна, конзервирана храна и фабричко обработена, што во голема мера го смени квалитетот на храната што ја јадеме. За жал, цената на изобилството, во однос на храната, доведе до појава на дебелина и хронични болести низ целиот свет, како дијабетес, хипертензија, срцеви заболувања и автоимуни болести.

Што треба да јадеме за да живееме здраво? Ваш избор е што ќе јадете, и во голема мера од тоа зависи колку долго и здраво ќе живеете. Не станува збор само за балансирање на калориите, туку и за разбирање на биохемијата на нашите тела. Не сите калории се исти. И навистина, ние сме она што го јадеме. Откријте клучни совети за исхраната за одржување на совршена тежина и добро здравје.

Хидратацијата е многу важна, најважна! Пијте најмалку 2л вода дневно. Направете си здрава навика и наутро пијте чаша вода со една лажица јаболков оцет. Така ќе се ослободите од маснотиите и ќе добиете сила за целиот ден. Редовното консумирање јаткасти плодови ќе ве држи сити долго време и ќе ја елиминирате потребата од слатки. Доволни се 7 јатки на ден. Незасладените чаеви исто така се доби сојузници во борбата против килограмите. Јадете салати најмалку со еден оброк во денот. Овошките јадете ги наутро.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>