Речиси секој од нас барем еднаш имал проблем со оваа непријатна појава. Чешање, пецкање, појава на меурчиња и на крајот закоравена рана која пука. Херпесот на усните е болест предизвикана од вируси, така што брзото лечење можеме да го постигнеме со употребата на креми од аптека или со помош на природни средства.
- Херпесот може да се излечи со помош на едноставно средство кое го имаме речиси во секое домаќинство, а тоа е сода бикарбона. Зовријте 100ml вода и додадете една кафена лажичка сода. Од овој раствор, со памук нанесувајте на херпесот неколку пати во текот на денот.
- Брзо лекување на херпесот може да се постигне и со готварска сол, со аплицирање на мала количина на сол на зафатеното место.Оваа постапка можете да ја повторувате повеќе пати во денот.
- Уште еден начин во борбата со херпесот е лушпата од јајцето. Тенката обвивка-кожичката која се наоѓа на внатрешната страна од лушпата на јајцето има исклучително противвоспалително дејство. Треба да се одвои од лушпата и да се стави на болното место.
- Лукот е природно антивирусно средство. Истолчете две чешниња лук и измешајте ги со една лажичка павлака, една лажичка брашно и една лажичка мед. Ќе добиете одлична домашна маст против херпеси.
- Прополисот одлично ја суши и ја дезинфицира раната. Со него треба да се мачка местото неколку пати дневно, а потоа да се намачка и со крема од камилица или невен за да не се формира кора.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!