Top
Sok-od-domati

Сок од домати за намалување на притисокот

Едно истражување наведува дека консумирањето една чаша незасолен сок од домати би можело да ви помогне во снижување на крвниот притисок, а воедно да го намали ризикот од развивање срцеви болести.

Јапонските научници на ова истражување работеле година дена, па откриле дека луѓето кои консумирале чаша сок од домати еднаш дневно, имаат понизок притисок. Истата група го стабилизирала и нивото на холестерол, што е одлична вест за оние кои страдаат од срцеви болести.

Истражувањето пак кое го спровела американската организација CDC открива дека на годишни ниво само во Америка умираат 610.000 луѓе од срцеви болести. Секоја година околу 730.000 американци доживуваат срцев удар, од кои 525.000 прв срцев удар, додека пак, 210.000 срцевиот удар го добиваат по втор пат во нивниот живот.

Во истражувањето за сокот од домати учествувале 481 личност, од кои 184 мажи и 297 жени. Дозволено им било во текот на една година да пијат колку сакаат сок од домати дневно, па секојденвно да бележат колку чаши испиле.

Важно е да се нагласи дека доматите имаат и други бенефити за здравјето. Богати се со антиоксиданси, помагаат со кардиоваскуларните болести и ги подобруваат шансите за зачнување.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>