Top
sok-od-morkov

Сок кој го опушта секој мускул

Доколку како резултат на прекумерно вежбање или пак движење почувствувате силна болка во мускулите, веројатно не сте му ја обезбедиле на телото потребната хидратација. Во постигнување на таа цел може да ви помогне еден едноставен пијалок кој се состои од само четири состојки. Електролитите како магнезиум, натриум и калциум спречуваат воспаление на мускули и грчеви. Чаша млеко или една банана не би можеле да помогнат доколку ова се повторува при секој поинтензивен тренинг или движење. Од исхраната исфрлете ги белото брашно, белиот шеќер и тестенините и на телото обезбедете му доволен внес на вода.

За подготовка на пијалокот кој ги опушта сите мускули потребни се следниве состојки:
– 2-3 моркови
– 1 стебленце целер
– половина свежа краставица
– 1 шолја варена брокула

Подготовката е мошне едноставна: четирите состојки се цедат во соковник, a ваквиот сок може да го пиете секој ден.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>