Top
Сојузници на витката линија

Сојузници на витката линија

Одржувањето на посакуваната телесна тежина или пак губењето на некој килограм не е воопшто лесно, особено кога за време на диетата имаме силно чувство да каснеме од „забранетото овошје“. Но, постојат и намирници, кои ги нарекуваат сојузници на витката линија и кои многу лесно можат да ви помогнат повторно да влезете во старите фармерки.

Најновите истражувања кои ги спровела една британска истражувачка агенција покажуваат дека чоколадата (особено оние со висок процент на какао) се одличен сојузник на витката линија. Причината за тоа е едноставна: јадењето чоколадо ги задоволува нашите потреби за благо и нè спречува да посегнеме по многу покалорични слатки. Сепак, чоколадото не е единствена намирница која позитивно влијае врз нашата линија.

  • Јаболка
    Сезоната на јаболка е полн ек. Затоа искористете ги овие вкусни и здрави плодови кои го намалуваат гладот. Истражувањата покажуваат дека една јаболка пред оброк нè одржува сити и задоволни. Причината за тоа се наоѓа во изобилството на вода кое го содржи ова овошје и изобилството на растителните влакна кои бавно се варат.
  • Лута храна
    Лутата храна задолжително вклучете ја во своето дневно мени. Таа нè тера побавно да јадеме и повеќе да ја џвакаме храната, а на тој начин се забрзува работата на метаболизмот.
  • Чија семе
    Ова семе содржи неверојатни количини омега-3 масни киселини, а тие се тесно поврзани со намалување на телесната тежина. Чија семето ја забрзува апсорпцијата и разложувањето на мастите, дава долготрајно чувство на ситост и има низок гликемиски индекс. Задолжително вклучете го во појадокот.



Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>