Top
gumbir

Со чај против главоболка

Ако често ви се случило да имате главоболки, наместо да посегнете по апчиња, пробајте природни методи кои нема да му наштетат на вашиот организам. Ви претставуваме неколку предлози кои проверено помагаат.

Чај од топла вода со лимон
1/2 исцеден лимон во чаша млака вода може да се консумира секое утро за да го исчисти телото од токсини, но овој пијалок е одличен лек и кога станува збор за главоболка. Ќе се чувствувате подобро со секоја голтка.

Чај од ѓумбир
Ѓумбирот има позитивем ефект врз циркулацијата и делува против воспаленијата. Покрај тоа, тој успешно ја лечи главоболката.

Чај од нане
Нането е билка која има многу корисен ефект врз дигестивниот систем, го освежува здивот, но исто така ги релаксира мускулите и нервите. На тој начин делува смирувачки и ја намалува главоболката. Чајот од нане може да ве ослободи од тешки главоболки.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>