Top
Pienje-chaj-ilIke-mk

Сите здравствени придобивки од пиењето чај

Чајот, после кафето, е најбараната топла напивка особено во текот есента и зимата. Покрај тоа што влијаат на побрзо опоравување на телото за време на студените денови, чаевите, според составот имаат и лековита ефекти врз телото.

Според советите на стручни лица најдобро е да се пие кога е млак, а не топол, а како најчести адитиви да се користат мед, лимон и цимет.

Засладен чај не е пожелно, но ако не можете да го пиете без шеќер, пожелно е заради подобар ефект, да користите вештачки засладувач.

Кај британската популации овој напиток се наоѓа на врвот на најпожелен напиток, и неговата потрошувачка го подразбира нивниот начин и стил на живот. Традиционалната партија чај во 17 часот.

Во земјите на Далечниот Исток се ужива во овој напиток и се третира како култура на пиење чај, и кај нив е достапен широк избор на вкусови и ароми.

Pienje-chaj-2-ilIke-mk

Еве некои вкусови кои се најмногу распространети во нашата област.
Ние ви ги откриваме нивните позитивни ефекти.

Чај од нане
Овој чај е одличен за стомачни проблеми, така што Ви помага кај грчеви во стомакот, подуеност и болка. Како ниеден друг, ќе ја ублажи болката за време на менструалните проблеми, и неодамна беше покажано дека Нането има одличен ефект за забрзување на метаболизмот, па пожелен е во исхраната, главно кај оние кај кои им е потребна детоксикација.

Чај од хибискус
Се вбројува меѓу „највкусните“. Иако хибискусот нема многу лековити својства, тоа е одлично замена за кафе, и бидејќи се пие топол, се препорачува за настинки.

Чај од коприва
Копривата е богата со калиум, железо, а исто така се препорачува за третман на инфекции на уринарниот тракт, спречување на развојот на камења во бубрезите, ја подобрува крвната слика. Од тоа се подобрува протокот на крв и се прочистува, има позитивен ефект врз кожата да изгледа убаво. Добрите страни на ова растение не завршуваат тука, па затоа е многу успешен во лекувањето на гингивитис, чирови и други инфекции во устата.

Бел чај
Белиот чај има најголема примена во земјите на Исток, и неговата употреба во козметичките производи во последните децении бележи голем пораст. Причината лежи во фактот дека белиот чај го зајакнува имунолошкиот систем и дека има позитивен ефект врз кожата. Некаде го нарекуваат и “еликсир на долговечноста и убавината”.

Зелен чај
Благотворното дејство на зелениот чај е општо познато. Најновите истражувања покажуваат дека постојат позитивни ефекти во третманот на малигните заболувања. Тој успешно го зголемува имунитетот, па на долгата листа на негови позитивни ефекти се и: помага со кардиоваскуларни болести, го намалува уморот, го олеснува варењето, и е еден од најпознатите антиоксиданси.

Црн чај
Црниот или популарно познат како индиски чај, се применува како најсоодветна замена за кафе. Причината лежи во голема количина на кофеин која ја поседува, така што неговата конзумација треба да биде ограничена. Се препорачува две чаши на ден. Поради големи количини на кофеин, е најдобриот сојузник во елиминирањето на замор и поспаност.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>