Top
Потенција

Поголема сексуална желба и посилна потенција на потполно природен начин

Мака (Lepidium meyenii) е билка која има корен во вид на ротквица и расте на висока надморска височина на падините на Андите во Јужна Америка.

Оваа билка од Јужноамериканкиот регион е позната како природен афродизијак и тоник за подобрување на целокупното здравје. Таа е популарна ширум светот како моќен биолошки енергетик кој ги подобрува психофизичките способности и ја зголемува плодноста кај мажите и кај жените.

Мака содржи мешавина од витамини, минерали, есенцијални аминокиселини, масни киселини, фитостероли, протеини, алкалоиди, стероли, танини, сапонини и кардиотонични гликозиди кои ја зголемуваат издржливоста и го засилуваат имунолошкиот систем кој го штити телото од многубројни инфекции и заболувања.

Мака е природен хормонален стабилизатор бидејќи ги стимулира жлездите кои што се одговорни за регулација на хормоните на хипофизата кои што ги контролираат јајниците и тестисите, но исто така ја стимулира и надбубрежната жлезда, панкреасот и тироидната жлезда.

Спортистите можат да ја користат мака како енергетик, а лицата кои страдаат од хормонална дефициенција или намалено либидо исто така можат да ја консумираат оваа добротворна билка за да го подобрат сексуалниот живот и перформанси.

Lepidium meyenii

Оваа билка има бројни позитивни ефекти врз човековото здравје, и тоа:

  • Зголемување на либидото и подобрување на хормоналниот баланс кај двата пола
  • Подобрување на еректилната функција, намалување на симптомите на импотенција, подобрување на сперматогенезата и нивото на тестостеронот во организмот кај мажите
  • Зголемување на енергијата, виталноста и за подобрување на психофизичкото здравје кај двата пола

Автор: Д-р Дарко Стојановски




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *