Top
zdrav-pojadok

Рецепт за вкусен и здрав појадок

Овесот е одличен за варење на храната, полн со витамини и минерали, и токму затоа е клучен дел од многу каши и слични комбинации со кои голем број луѓе го започнуваат денот.

Путерот од кикирики е енергетска храна. Богат е со хранливи материи. Содржи витамин Е, кој е моќен антиоксиданс, витамин Б6, кој служи за зајакнување на имунитетот на организмот. Освен тоа, путерот од кикирики содржи магнезиум и калиум, кои се неизбежни за здрави мускули и коски. Иако содржи голем број калории, тој е богат со растителни влакна и протеини, што ќе направи да се чувствувате сити подолго време. Ова ќе ви помогне да изгубите телесна тежина, поточно, ќе спречи прејадување.

Рецепт за идеален, здрав и вкусен појадок:

120мл бадемово млеко
50гр овесни снегулки
1/2 лажичка чиа семе
1 лажичка мед
2 лажички путер од кикирики

Во сад измешајте бадемово млеко, чие семе, путер од кикирики и мед. Додадете овесни снегулки и добро измешајте. Покријте со фолија и оставете да отстои преку ноќ во фрижидер. Наутро, по желба може да додадете овошје, бадеми, кикирики или семки од сончоглед и тиква.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *