Top
Med-i-orevi-iLike-mk

Рецепт за ефикасно чистење на телото од токсини

Ако имате проблем со подуеност на стомакот, лоша дигестија и гасови, пробајте го овој едноставен рецепт кој ги прочистува цревата, а и позитивно влијае врз кожата.

Потребни состојки:
5 супени лажици овесни снегулки
5 супени лажици вода
1 супена лажица млеко или павлака
1 кафена лажичка мед
5 ореви (може и бадеми или лешници)

Начин на подготовка:
Oвесите снегулки прелијте ги со превриена ладна вода и оставете ги една ноќ. Наутро додадете млеко или павлака, медот и ореви. Измешајте добро, џвакајте вниманително и јадете бавно. Во наредните 3 часа не треба ниту да јадете ниту да пиете нешто друго.

Со овој рецепт не само што ќе се ослободите од токсините, туку и ќе забележите промена во тенот на лицето, како и во изгледот на косата и ноктите.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *