Top

Природна помош против лошиот здив

Лошиот здив најчесто е последица на бактерите во устата или проблеми со дигестивниот тракт. Освен редовно миење на забите, постојат и природни лекови кои успешно го отстрануваат.

Лимон – инстант решение
Најбрзо решение против лошиот здив е лимон. Лимонската киселина веднаш ќе го неутрализира лошиот здив, особено после риба. Можете да ја јадете внатрешноста на лимонот, но и неговата кора.

Цимет против лош здив
Овој, веројатно најубав и најпопуларен зачин, успешно го решава проблемот на лош здив. Доволно е во чаша вода да ставите една лажица цимет и една лажица мед. Со оваа мешавина исплакнете го грлото неколку пати во текот на денот.

Чаша јогурт за свеж здив
Сулфодводик е една од причинитe за лошиот здив. Една чаша јогурт дневно го намалува неговото ниво, и постепено го спречува.

Зелени борци против лош здив
Магдоносот содржи хлорофил, а тоа ги убива бактериите кои се одговорни за лош здив. Посебно е ефикасен во отстранување на лошиот здив како последица на кромид или риба. Доволно е само да се џвака. Подеднакво добро како магодносот делуваат и нане, еукалиптус, босилек и рузмарин. Без разлика дали ќе ги џвакате нивните листови или пак ќе си направите чај со кој ќе го исплакнете грлото, резултатот ќе биде ист.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *