Top
Se_pochnuva_od_kozhata_iLike_mk

Промените на лицето се сериозен предзнак за некои заболувања

Доволно е да го погледнете лицето во огледало и да знаете какво здравје имате, тврдат експертите. Ако се сомневате дека вашето здравје не е во најдобар ред, понекогаш сосема е доволно потемелно да се погледате во огледало за да видите што се случува во вашиот организам. Експертите тврдат дека неколку заболувања можат да се откријат едноставно со погледот во огледало.

ОЧИ
Виснати капаци можат да упатуваат на мозочен удар и во ретки случаеви рак на белите дробови.Црвенилото во очите најчесто е безопасно. Сепак, ако забележите дека белките често се црвени, тоа може да биде поврзано со зголемен крвен притисок или висока темепратура. Црвенилото во очите може да биде последица на воспаление на рожницата на окото или алергиски коњуктивитис. Треперење на окото се јавува поради зголемен стрес. Доколку таа состојба трае подолго од седум дена, може да укажува на мултиплекс склероза. Белиот прстен околу шареницата може да биде знак на зголемен холестерол. Освен тоа, на рабовите на капаците или на кожата околу очите можат да се појават мали бели точки кои се наслаги на холестерол. Белите капаци се знак на анемија. Недостатокот на железо може да се воочи и во ушната шуплина, и на образите. Симптоми на анемија се слабост, несвестица и чувство на ладовина, а се открива едноставно со анализа на крвна слика.

КОЖА
Црвенило на лицето може да укаже на срцеви заболувања, лупус или менопауза, акој е во прашање жена. Отечено лице може да биде знак на ослабена работа на штитната жлезда, а ако штитната жлезда поспоро работи, метаболизмот се успорува. Тоа може да доведе до зголемување на телесната тежина, вклучувајќи го и лицето. Болна и сува кожа која тера на чешање, обично е симптом на егзема. Меѓутоа и одредени лекови можат да предизвикаат чешање и чувство на непријатност на кожата.

УСНИ
Суви, испукани и болни усни можат да значат дека ви недоставува железо во крвта. Друга можна причина на овие симптоми е дијабетесот кој е пропратен со жед, замор и често одењето во тоалет.

НОС
Тврдата кожа околу носот може да упати на хронично заболување кое се јавува поради запушување на крвните садови на лицето. Носот тогаш станува отечен. Лекарите советуваат избегнување на сонце, конзумирање зачинета храна и алкохол.

УШИ
Тумор – бениген или малиген – на надворешен слушен канал или во внатрешноста на увото може да предизвика увото да го промени обликот. Рагби играчите и боксерите се најдобри примери за тоа.

Доколку забележите некои од овие промени веднаш консултирајте се со Вашиот матичен лекар.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *