Top
jagodi

Пролетни плодови кои помагаат во губење на килограми

Врамнотежената и здрава исхрана треба да се темели на консумирање на сезонските плодови. Токму плодовите кои ги носи пролетта може да ви помогнат да изгубите некој килограм. Со доаѓањето на пролетта се менува и начинот на исхрана, односно се исфрлаат тешките и мрсни јадења, а се консумираат свежи плодови. Некои од нив го помагаат согорувањето на мастите, слабеењето го забрзуваат и го чинат здраво.

  • Јагоди – Одличен извор на влакна и витамин Ц. Влакната ќе ве одржат сити, а 49-те калории кои ги има во една шолја јагоди, сигурно нема да ве здебели.

  • Кајсии – Тие се одличен извор на влакна, калиум, витамин А и витамин Ц. Една кајсија содржи само 7 калории, па токму затоа се совршена закускан во попладневните часови.

  • Артишок – Освен што изобилува со влакна, артишокот содржи и многу протеини кои исто така одржуваат ситост. Еден артишок содржи само 60 калории.

  • Аспарагус – Одличен плод кога е во прашање помош при слабеењето. Еден аспарагус содржи само 4 калории, а претставува богат избор на растителни влакна, витамин К, Б, Ц, А и фолна киселина.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *