Top
Prirodni-lekovi-protiv-urinarna-infekcija-iLike-mk

Природни лекови за уринарни инфекции

Секој што имал урнинарна инфекција знае колку болна може да биде таа. Постојаното чувство како да имате потреба да мокрите, болки и притисок во стомакот се само неколку знаци кои покажуваат на нејзино постоење. Ако сакате на природен начин да се решите од оваа непријатност, тогаш пробајте го овој лек кој се подготвува со 4 состојки. Иако многу бактерии се случува да се повторат, овој лек спречува дел од нив.

Потребни состојки за овој лек се: 250g корен од магдонос, 250g лимон, 250g мед и 200ml маслиново масло. Коренот од магдонос и лимонот (заедно со кората) треба ситно да се исецкаат, а потоа сите состојки да се изматат во блендер. Бидејќи лимонот се става со кора, ставете го да отстои во ладна вода со сода бикарбона. Ќе добиете кашеста смеса која треба да ја чувате во ладилник. Секоe утро, консумирајте по една лажичка.

Што друго можете да направите за уринарниот тракт?

Пијте повеќе вода
Иако ова не звучи како некој посебен лек, внесувањето на доволно течности во организмот е најважното нешто што можете да го направите за уринарниот тракт. Поради внесувањето на течности, мокрењето ќе биде почесто и на тој начин има поголеми шанси да ги исфрлите бактериите од себе. Препорачани се најмалку 8 чаши вода на ден, а тоа само го забрзува чистењето од бактерии.

Редовно одете во тоалет
Во никој случај немојте да ја задржувате урината во себе и да трпите. Задржувањето само помага бактериите да се размножат уште повеќе. Редовното мокрење го намалува нивниот број и шансата да се зголеми инфекцијата.

Пијте чај од магдонос
Магдоносот делува како диуретик, а освен што е освежувачки, тој го забрзува оздравувањето. За да ублажите или спречите уринарна инфекција пијте го овој чај, кој се прави на следниот начин: во 250ml зовриена вода се ставаат 2 мали лажици сув магдонос и се остава да отстои 6-10 минути.

Јадете краставици
Бидејќи имаат голема количина вода, овој зеленчук е идеален за прочистување на мочниот меур. Таа ќе ви обезбеди доволно течности и ќе ви помогне полесно да се решите од бактериите.

Пијте чај или сок од брусница
Брусницата многу често се користи во лекувањето на уринарниот тракт. Таа го спречува натамошното размножување на бактериите.




1 Коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>