Top
sok od cveklo

Природен лек за хипертензија

Покрај многубројните предности кои веќе ги знаете, како јакнење на имунитетот или чистење на кожата, британските научници утврдиле дека сокот од свежо цвекло значително го намалува крвниот притисок. Објаснувањето за тоа се нитратите во содржината на овој плод, односно тие ги шират крвните садови и го зголемуваат протокот на крв.

Цвеклото има многу антиоксиданси и богато е со железо, бор и фолна киселина. Беталанот кој на цвеклото му дава темна боја е посилен антиоксиданс од полифенолот, растителна хемикалија за која се смета дека е главна причина заошто луѓето кои јадат зелен зеленчук имаат понизок крвен притисок.

Затоа, подгответе си сок од цвекло, за кој се потребни следните состојки:

– Корен од ѓумбир (околу 2,5см)

– 10 големи моркови

– 4 големи главици цвекло

Подготовка:
Излупете го зеленчукот и ѓумбирот. Исецкајте на крупни парчиња и ставете ги во соковник. Исцедете го сокот и пијте го во текот на денот.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *