Во текот на зимскиот период, на многумина од нас им опаѓа имунитетот и помалку сме отпорни на надворешните влијанија. Во сезоната на настинки и грип, Ви презентираме еден моќен сојузник на здравјето, природен антибиотик кој го заштитува нашиот имунитет.
За негова подготовка се потребни следниве состојки:
– 1 чешне лук
– 2 лажици мед
– 2 лажици рендан ѓумбир
– ½ лажица зачин чили
– ½ лажица цимет
– 100мл свежо цеден сок од лимон
Подготовка:
Исцедете ги лимоните и во него додадете толчен лук, ѓумбир, чили и цимет. Оваа комбинација измешајте ја и на крај додадете го медот. Лекот ставете го во стаклен сад, и оставете го да отстои на собна температура околу три часа. Потоа, чувајте го во фрижидер. Од овој сируп најдобро би било да земате по една супена лажица наутро, но по потреба може да консумирате и по 2-3 лажици дневно.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!