Top
BLD075086

Причини за болки за време на сексот

Сексот треба да биде чин во кој подеднакво ќе уживаат двајцата партнери. Но, понекогаш се случува еден од нив, најчесто жената, да чувствува болка и воопшто да не ужива. Кај многу жени се случува, наместо да уживаат во водењето љубов, сексот да го сметаат за непријатна активност бидејќи им предизвикува болка. Следните причини се најчестите кои го спречуваат задоволството и предизвикуваат болка.

Недостаток на возбуда
Ако жената не е расположена за секс, нејзината вагина е стегната и „сува“, а тоа не се најдобри услови за пенетрација. Во ваков случај најважната работа која можете да ја направите, што некогаш може да биде и најтешко, е да се опуштите, а и лубрикантот одлично ќе ви помогне. Овој проблем не секогаш е од психичка природа. Некои лекови како што се антидепресивите, можат значајно да влијаат на намалување на либидото.

Породување
Болката најчесто се јавува по раѓањето на првото или второто дете, без оглед на тоа дали жената се породила природно или со царски рез. Таа може да има чувство дека вагината и е „растегната“ поради што не се чувствува секси и посакувано, а смета и дека нема да ужива во сексот како пред породувањето.

Вагинализам
Вагинализмот е сексуална дисфункција за која ретко се зборува, а станува збор за непријатно чувство на стегање на вагината при каква било пенетрација. Вагиналните мускули се стегнати што пенетрацијата ја чинат тешка, болна, а во потешки случаи, и невозможна.

Вагинални инфекции
Вагиналните инфекции како што се кламидијата и херпесот може да предизвикаат болен сексуален однос. Ако во текот на сексот почувствувате болка, а порано тоа не ви се случувало, време е да го посетите својот гинеколог.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>