Top
gradi

Причини поради кои имате болки во градите

Чувствителните гради не секогаш значат сериозен здравствен проблем и не треба да бидат причина за паника. Откријте кои се најчестите причини за чувствителност на овој дел од женското тело и како можете да ги ублажите овие симптоми.

Се наоѓате во ПМС
Најчеста причина за чувствителноста на градите е предменструалниот синдром, односно хормоналните пормени во телото кои ги следи месечниот циклус. Промените во нивото на естроген во  телото се манифестира со оток и чувствителност на градите ден пред и со започнувањето на месечниот циклус. Ваквата болка треба да ја снема после завршување на месечниот циклус.

Претерувате со вежби
Ако сакате да го зацврстите горниот дел од телото и сте почнале да кревате тегови или пак да правите класични склекови, сигурно ќе почнете да чувствувате болки во пределот на градите. Но, болката всушност не е во градите, туку во пекторалните мускули кои се наоѓаат под градите. Овој вид на болка треба да го третирате како и сите други воспаленија на мускули, односно со топли облоги и таблети против болки.

Носите погрешен градник
Долната облека со погрешна големина може да им наштети на градите. Ако градникот е претесен, а корпите мали, сигурно ќе се појави болка во градите првенствено поради жицата која се забива во градите. Истото ќе се случи ако имате големи гради, а сте избрале широк градник. Вo овој случај претераното движење на градите ќе предизвика болка.

Чувствителните гради се многу честа појава кај припадничките на понежниот пол, која вообичаено трае неколку дена. Ако ниту една од споменатите причини не одговара на вашата специфична ситуација, а болката не престанува, најдобро е да се консултирате со доктор. Не ги заборавајте самопрегледите на дојките и редовната мамографија.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>